Историјата на Крушево

Основање на Крушево

Многу научници кои пишувале за Крушево биле на мислење дека Крушево е нова населба основана во 18тиот век од страна Власи кои се занимавале со сточарство. Подоцна е докажано дека Крушево е многу постара населба. Последни пишани турски извори го спомнуваат Крушево за прв пат во 1767 година како мезра (место без население кое повремено е населувано) на земјопоседникот Хусеин-бег, заедно со Прилеп и други села. Постојат и други турски и странски извори кои велат дека Крушево постоело како населено место многу пред 18тиот век. Се чини дека Македонските словени први го населиле Крушево, и тие му го дале денешното име.

Во прво време Крушево било мала населба во која се одгледувал добиток, и неговиот брз развој се должи на населувањето на Власи во оваа област во 18тиот век, но и бројната Македонска популација која следи потоа. Најголемиот број на Власи потекнуваат од Москополе и други региони, и дошле во Крушево како бегалци од Отоманската репресија, иста судбина која ја делеле и македонските доселеници, кои во најголем број се дојдени од Дебарскиот крај и други места во Западна Македонија.  Доселените биле вешти трговци (посебно Власите), занаетчии, одгледувачи на добиток, професии кои му дале препознатлив белег на Крушево.

Илинденско Востание во 1903

За време на Илинденското Востание, најголем успех бил постигнат во Крушевската област. Во летото на 1903 година, во Крушево е формиран револуционерен штаб под водство на Никола Карев. 

Подоцна Карев станува претседател на новоформираната Крушевска Република. Тој го напишал Крушевскиот Манифест, повик кон сите луѓе на Македонија да им се придружат на востаниците во борбата за слобода.

На 2ри Август во 1903 година, на Св.Илија, околу 750 револуционери го нападнале Крушево. По неколку часа борба градот бил преземен од турците. Во месноста Гумење востаниците ја создаваат Крушевската Република, која постоела од 3ти до 13ти Август 1903.

Организацијата на локалните власти во Републиката била импресивна. Водачот на револуционерите се грижел за сигурноста и безбедноста на жителите и бил претседавач на Советот на Републиката, кој што се состоел од 60 членови – по 20 од секоја етничка заедница на Крушево (Македонци, Власи и Грци).

Изненадената турска власт презела опсежни воени мерки за да го задуши востанието: 176.000 војници, 3.700 пешадиски единици и 444 топови биле пратени во Македонија. По жестоките херојски битки во близина на Слива и Мечкин Камен, турската војска успеала да ја уништи Крушевската република и се одмаздила со добро познатата суровост, 201 населено место биле уништени, 12.400 куќи биле запалени до темели, повеќе од 70.000 лица останале без своите домови, а 8.816 лица биле убиени. Иако повеќе од 30.000 лица ги напуштиле своите домови за да ја избегнат турската одмазда, сепак билансот на жртви останува незапаметен дотогаш.

Илинденското востание побудило голем интерес во Европа. Весниците ги следеле настаните со големо внимание и симпатии, и биле објавени детали од одмаздата на турската војска врз локалното население во востаничките области. На востанието му следи бран од протести низ Европа, а некои од водечките говорници биле Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франс, Жан Жорес, Артур Еванс, Хенри Браилсфорд, Жорж Клеменсо и други. 

Во Британија, Франција, Италија и Америка биле создадени т.н. “Македонски Комитети”, и се организирале масовни митинзи за поддршка на Македонските востаници. Слични дејствија се случувале и во Русија, Романија и други земји.

По неуспехот на ова востание, Македонските револуционери направиле напор да се реорганизираат. На Рилскиот Конгрес (одржан во 1905 година во Рилскиот Манастир во Пиринска Македонија), иако постоеле разлики меѓу фракциите во ВМРО, сепак се потвдила конечната заедничка цел – ослободување на Македонија. 

 

 

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.