Како да стигнете тука

Location: 

 

Крушево е лоцирано во југозападниот дел на Република Македонија, 168км оддалечено од главниот град Скопје, кој е административен и бизнис центар на државата. 

Автомобил:

Доколку доаѓате со автомобил, Крушево е оддалечено 55км од Битола и 35км од Прилеп. Регионални патишта кои го поврзуваат Крушево со овие градови се: Крушево-Прилеп-Скопје, Крушево-Демир Хисар/Прилеп-Битола-Охрид.  

Не постои автопат кој што поминува низ Крушевската област. Најблискиот автопат е М5, кој што поминува во близина на Прилеп. 

Автобус:

Друг начин да се дојде до Крушево е со автобус. Од Скопје до Крушево и обратно има редовна автобуска линија неколку пати на ден. Од Битола до Крушево исто така има автобуси неколку пати на ден, додека од Прилеп има автобуси на секој час.  

Забелешка: Ве молиме контактирајте не за да добиете информација за точен распоред на редовни автобуски линии од/до Крушево.  

Авион:

Крушево е поврзано со двата главни аеродроми во Македонија (Скопје и Охрид). Воедно, градот се наоѓа релативно блиску до аеродромот во Солун, Грција. Далечината до овие аеродроми е следната: 

- 160 км од аеродром “Александар Велики” Скопје

- 130 км од аеродром “Св.Апостол Павле” Охрид

- 250 км од аеродром “Македонија” Солун, Грција

Забелешка: Вебсајтовите на Аеродроми на Македонија (http://airports.com.mk/) и аеродромот на Солун (http://www.thessalonikiairport.com/) содржат точни информации за распоредот на летови и авио компании. 

 

 

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.