Места што треба да ги посетите во Крушево

 

Крушевската архитектура  

Со Власите кои сакале да вложат, и Мијаците како одлучни градители, во Крушево се има развиено многу интересна архитектура. Куќите се самостоечки, претежно симетрични, без отворен простор кој е типичен за другите градови на Македонија. Задниот дел на куќите е изграден од камен, додека предниот дел, т.н. “бондрук” е составен од дрвени столбови и греди покриени од бел гипс. Скоро секогаш има чешма во приземјето. На главната фасада обично има насликани декорации во сина боја. Исто така, прозорците и другите детали на фасадите се обично во сина боја. На горниот спрат обично има мал балкон со триаголен педимент над него, за да се стави акцент на симетријата на куќата.

 

Илинденски споменик (Македониум)

Илинденскиот споменик, т.н. “Македониум”, дело на Јордан и Искра Грабулоски, бил отворен на 2ри Август 1974 година, и претставува симбол на отпорото, борбата и вековната желба на Македонците за национално ослободување. Фигуративниот естетски дизајн и распоред на овој монументален комплекс кој покрива скоро 11 хектари (27.2 акри), започнува со скинати синџири и продолжува кон криптата, која е хронолошки приказ на значајните настани и личности од периодот пред, за време и по Илинден, за на крај да дојде до разнобојниот мозаик кој што го формира амфитеатричниот влез во издигнатата купола, која наликува на боздоган, и стои на 1320 метри надморска висина.

 

Црква Св.Никола

Црквата Св.Никола е катедрална црква на Крушево, лоцирана во старата чаршија, изградена во 1905 на темелите на црква која била запалена и уништена по Илинденското Востание. Иконостасот на претходната црква бил дело на познатите копаничари Петре Филиповски – Гарката со неговата тајфа (едни од неговите најпознати дела се иконостасот на црквата Св.Спас во Скопје, како и иконостасот во Манастирот Св.Јован Бигорски).

 

Црква Св.Јован 

Црквата е изградена во 1897 година. Иконостасот е дело на Нестор и Лазар Алексиевски. Во внатрешноста се наоѓаат две големи печки (карактеристични за Крушевските куќи).

 

Манастир Св.Спас

Манастирот Св.Спас е изграден во 1836 година. Лоциран е на рид кој може да се забележи кога се приближувате кон Крушево од Прилеп, но исклучувањето за Манастирот се наоѓа долу во долината пред да почнете да се искачувате во Крушево по главниот пат. Сместен во прекрасен шумски предел, Манастирот е едно од омилените места за излет на локалните жители и туристите.

 

Галерија на Никола Мартиновски 

Никола Мартиновски (1903-1973), еден од најважните македонски современи сликари, е роден во Крушево, и на својот роден град му има донирано 62 слики кои сега се изложени во неговата семејна куќа. Самата куќа е одличен пример за типична Крушевска архитектура и дефинитивно вреди да се посети. Исто така, во куќата е сместен и мал етнолошки музеј. Посетата на галеријата е одлична можност не само да се видат делата на Мартиновски, туку и да се искуси убавината на Крушевските куќи.

 

Музеј на Илинденското Востание

Музејот е сместен во куќата во која е прогласена Крушевската Република. Во музејот опширно се доловува периодот пред, за време и по Илинденското Востание преку фотографии, документи, мапи и оружје.

 

Мечкин Камен

Мечкин Камен е легендарното место каде што четата на војводата Питу Гули пробала да го одбрани Крушево од напливот на турска војска од Битола. 

 

Гробот на Тоше Проески 

Тоше Проески беше многу популарен Македонски пејач кој што загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16ти Октомври 2007 година. Тоше беше роден во Крушево. Бројни обожаватели од ширум Балканот доаѓаат во Крушево за да го посетат неговиот гроб и да му оддадат почит.

 

Меморијална куќа на Тоше Проески 

Меморијалната куќа на починатата Македонска поп звезда Тоше Проески се наоѓа над Крушево, во месноста Гумење, во близина на познатиот симбол на градот – споменикот “Македониум”. Куќата беше отворена на 25ти април 2011 година, и зафаќа површина од 870 метри квадратни. Структурата од стакло и бетон е изградена во форма на крст. Оваа монументална градба беше прикажана на најголемиот светски натпревар во архитектура – “The World Architectural Festival Awards”, и доби неколку други награди.

 

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.