Грешка

Please download the CEGCore framework from www.chronoengine.com then install it using the 'Extensions Manager'

Крушевската кујна

 

Традиционалната храна на Крушево ги комбинира Балканските и Медитеранските карактеристики, под големо влијание на Турските вкусови кои што се доминантни заради долгиот период на Отоманско владеење. Гостите се воодушевени од вкусот на локалниот домат, морков, магдонос, кромид и лук, а подобро е да не ги спомнуваме богатиот вкус и мирис од свежото овошје како што се лубениците, дињите, вишните, кајсиите, праските, грозјето и многу други. Повеќето зачини се од тревки кои се собираат од околните планини, тревки кои меѓу народот се познат по нивните лековити својства. 

Подоле е избор од најпопуларни јадења од Крушево (и Македонија): 

Тавче Гравче. Традиционално јадење за цела Македонија. Гравот се вари, потоа се меша со кромид, пиперки, домати, масло, брашно и различни зачини, а потоа се пече во глинена тава.  

 

Ајвар е салата која се прави од црвени пиперки, со син домат, лук и лути пиперки. Ајварот традиционално се прави во домашна атмосфера низ цела Македонија на почетокот на есента. Може да се консумира намачкан на леб, во сендвичи, или како салата. 

 

Кашкавал. Специфичен тип на жолто сирење од овчо млеко; во Македонија ова име се користи за сите жолти сирења (или секое сирење освен белото).

 

Таратор. Течна салата, направена од кисело млеко (или павлака/јогурт), краставици, лук, ореви и растително масло. 

 

Качамак. Традиционално мезе направено од пченкарно брашно, компир и бело сирење (понекогаш). Сличен на италијанската полента, качамакот се подготвува со варење на смесата се додека не згусне, со повремено мешање за време на варењето.  Обично се служи во комбинација со млеко, јогурт, павлака, и понекогаш со сланина.

 

Мусака. Ова е традиционално јадење за Балканот и Блискиот Исток, базирано на сини домати. Македонската верзија обично се состои од неколку слоеви од мелено месо (јагнешко/телешко), сецкан син домат и компир (може да се додаде и домат и зелени пиперки).

 

Сарма. Сармата е името кое се користи за специјалитетот кој се прави од смеса од мелено месо (обично говедско, свинско), ориз, кромид и различни зачини. Потоа смесата се мота во лозови листови или зелка. 

 

Печено месо (скара). Македонците и другите Балкански народи се познати како големи љубители на печеното месо; ова посебно важи за вкусните “ќебапчиња” (на сликата погоре) и печено мелено месо (плескавица), кои одлично се комбинираат со кромид. Овие два специјалитети се популарни помеѓу целата популација и се наоѓаат во менито на секоја кафеана. 

 

Вино. Македонските вина се вбројуваат помеѓу најдобрите вина кога станува збор за односот меѓу цената и квалитетот. Лозовите насади, посебно оние во Тиквешкиот регион се карактеризираат со квалитетно грозје и уште подобри мајстори за подготовка на овој алкохолен пијалок. Долгиот процес на созревање го концентрира шеќерот и овошните киселини во грозјето, што обезбедува богата боја и комплексни ароми на македонските вина. 

 

Ракија. Шкотска има виски, Грција има метакса, а Македонија има ракија. Низ целата земја многу луѓе произведуваат сопствена домашна ракија која што е слична со бренди, и е производ на дестилацијата на ферментирано овошје, што резултира со голем процент на алкохол (обично меѓу 50% и 60%). Некои ракии својата природна арома (од овошјето од кое се прават) ја комбинираат со аромата на различни дрва и плодови (се добива од бурињата во кои се чува, зависи од типот на дрво од кое е направено бурето). 

 

Крушевски локум. Крушево е познато по производството на највкусниот локум во Македонија. Оваа 200 годишна традиција се пренесува од генерација на генерација. Локумот бил донесен во Европа во 18тиот век од Британски патник од Отоманската Империја, и во Западниот свет е познат како “турско задоволство” (Turkish delight). Локумот се прави од шеќер и пченкарно брашно, и се полни со ореви, бадеми или фстаци. Се произведува во различни бои и со разни вкусови. 

 

Крушевска пита. Познатата Крушевска пита има различни вкусови: со сирење, праз, зелка или спанаќ.

 

Во сите наши тури низ Крушево ќе пробувате и ќе уживате во локалната кујна, но во специјално дизајнирата кулинарска тура од Крушево ќе ве запознаеме со уметноста на подготовка на локалната храна, во која тура ќе пробате различни видови на јадења од Крушево и Пелагонија. 

Поканети сте да пробате што ви нуди Крушево! На здравје! 

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.