Спелеолошки експедиции во околината на Крушево

Во Слатина, во близина на Крушево, има голем број на пештери – рај за авантуристите и љубителите на адреналинот. Многу од пештерите имаат подземни реки, водопади и мали езерца, а во повеќето од нив постојат и сталактити, сталагмити, столбови и коралоиди.  Во пештерите можат да се најде и интересна фауна, како ракови, пајаци, лилјаци и различни инсекти кои се приспособени да живеат во темни места со ограничени изворина храна. Турата вклучува посета на најатрактивниот регион – Слатински Извор.

Информации за турата

Времетраење: Еднодневна

Хотелско сместување: /

Трансфер од аеродром: /

Водич и опрема: Да

Големина на група: до 12 лица

Распоред

Прва алтернатива (полесна експедиција)

09:00 Поаѓање од Крушево до локацијата во Македонски Брод

10:30-12:00 Истражување на пештерите Пешна и Девини Кули

12:00-14:00 Истражување на пештерата Горна Слатинска во близина на село Слатина (400 метри хоризонтална должина)

14:00-16:00 Ручек на локацијата (скара), палачинки со мед

16:00-18:00 Прошетка низ село Слатина (посета на водопадите на Марковска река, автентична македонска архитектура, извори со солена вода)

18:00 Заминување за Крушево

-------------------------------------

Втора алтернатива(екстремна експедиција)

09:00 Поаѓање од Крушево до локацијата во Македонски Брод

10:30-12:00 Истражување на пештерите Пешна и Девини Кули

12:00-14:00 Истражување на пештерата Пурало во близина на село Слатина(-10м вертикална должина, 600м хоризонтална должина)

14:00-16:00 Ручек на локацијата (скара),палачинки со мед

16:00-18:00 Прошетка низ село Слатина (посета на водопадите на Марковска река, автентична македонска архитектура, извори со солена вода)

18:00 Заминување за Крушево

Цена и вклучени трошоци

Цена по лице: Ве молиме контактирајте со нас (цената зависи од големината на групата, видот на сместување и изборот на пансион).

Вклучено во цената:

- Превоз / Водич / Опрема за спелеологија

- Сите оброци и активности

- 24-часовна подршка

Не е вклучено:

- Патничко осигурување

- Индивидуални трошоци

Галерија

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.