Мулти-спортска авантура

Предизвикајте се себеси на оваа мулти-активна тура која ќе Ви ги приближи убавините на Крушево додека учествувате во различни спортски активности. 

Информации за турата

Времетраење: 6 денови/ 5 преноќувања

Сместување: хотели/апартмани

Превоз од аеродрома: Да

Водич: Да

Големина на група: до 12 лица

Распоред

Ден 1 – Пристигнување

Среќавање со групата. Трансфер до Крушево. Чекирање. Слободно време. Полудневна тура на најпознатите знаменитости во Крушево. Ручек во старата чаршија.Време за одмор. Вечера и преноќување.

Ден 2 – Пешачење

Пешачење по различни патеки во близина на Крушево. Можеме да понудиме неколку различни избори на патеки, во зависност од расположението и кондицијата на гостите. Пауза за ручек. Враќање. Вечера и преноќување.

Ден 3 – Спелеолошка експедиција во Македонски Брод

Избор на две алтернативи за истражување. Полесната алтернатива е хоризонтална 400 метарска експедиција, додека потехничката вклучува и +/- 10 метарско вертикално спуштање на 600 метарска далечина. Пауза за ручек во центарот за спелеолошки истражувања. Враќање во Крушево. Вечера и преноќување.

Ден 4 – Велосипедско патување во Крушево

Целодневна MTB/XC тура низ Крушево. Се вози по макадам и земјен пат, должината на турата варира во зависност од кондицијата на гостите. Пауза за ручек пред враќањето.

Ден 5– Тандем параглајдинг во Крушево/ Спортско качување на Трескавец

Искусете го небото над Крушево со лет тандем параглајдер. Ако временските услови не се погодни за летање, ќе организираме спортско качување - болдеринг на карпите на Трескавец, во близина на Прилеп.

Ден 6 – Заминување

Доручек и одјавување. Крај на програмата.

Цена и вклучени трошоци

Цена по лице: Ве молиме контактирајте со нас (цената зависи од големината на групата, видот на сместување и изборот на пансион).

Вклучено во цената:

- Превоз / Сместување/ Водич

- Сите оброци и активности

- 24-часовна подршка

Не е вклучено:

- Превоз до Македонија (за странски туристи)

- Изнајмување на велосипеди

- Доплаќање за единечна соба

- Патничко осигурување

- Индивидуални трошоци

Галерија

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.