Ботаничка тура

Откријте ги тајните на Крушево, бидете собирач на тревки и на шумски плодови. Уживајте во прошетката во чиста и недопрена природа. 

Информации за турата

Времетраење: 2 - 3 часа

Хотелско сместување: /

Трансфер од аеродром: /

Водич: Да

Големини на групи: до 12 луѓе

Распоред

Прошетка низ борова шума и собирање лековити билки (мајчина душица, бозел, глуварче...).

Уживање во дворот на црквата Св. Петка и дегустација на традиционални крушевски производи (вино од шипинки, чај од бозел, домашна крушевска пита и деликатес од печурки).

Прошетка низ букова корија и панорамски поглед на Крушево.

Цена и вклучени трошоци

Цена по лице: Ве молиме контактирајте со нас (цената зависи од големината на групата).

Вклучено во цената:

- Состојки за подготвувањето на храната

- Оброци и активности (како што се наведени во програмата)

- Подучување и инструкции за собирање на тревки од страна на инструктор

Не е вклучено во цената:

- Индивидуални трошоци

Галерија