Кулинарски авантури

Традиционалната крушевска кујна е комбинација од Балкански и Медитерански карактеристики, воглавно наследени од турските вкусови кои преовладувале во вековите кога со регионот владеела Отоманската Империја. Вкусете ги локално одгледуваните овошја и зеленчуци, дегустирајте ги локалните билки кои растат на планините и во околината на градот и споете ги богатите оброци со уникатните вина произведени во блиската Тиквешија.

Опис на турата

Времетраење 5-6 часови

Хотелско сместување : N/A

Трансфери од аеродром: N/A

Водич: Да

Големини на групи: до 12 лица

Распоред

Наутро, ќе го посетите зеленото пазарче во Крушево, каде што ќе откриете повеќе за локалните овошја, зеленчуци, тревки и зачини. Потоа, ќе набавиме состојки за неколку основни Крушевски јадења. Ќе видите како изгледа едно типично домаќинство во градот, а домаќините ќе ве научат како да ги подготвите јадењата. Заедно ќе подготвите четири основни јадења:

- Крушевска пита, која се полни со домашно сирење, праз, зелка или спанаќ;

- Шопска салата, во која се сецкаат краставици, домати, моркови, маслинки, кромид и сирење;

- Топено сирење во грне и

- Бегов лонец, едно од најпознатите јадења од Крушево.

Цени

Цена по лице: Ве молиме контактирајте со нас – цената зависи од големината на групата

Вклучено во цената:

- Состојки за подготвувањето на храната

- Оброци и активности (како што се наведени во програмата)

- Подучување и инструкции за подготовка на храна од страна на инструктор

Не е вклучено во цената:

- Индивидуални трошоци

Галерија

Овој сајт е овозможен со поддршка од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Содржините се единствена одговорност на авторите и не ги одразуваат ставовите на УСАИД или Владата на САД.

 

Ищите где купить качественный глюкометр? Добро пожаловать в наш магазин! Широкий выбор товаров для больных диабетом.